Тимот на Силекс вчера несреќно е елиминиран во квалификациите за Конференциската лига од страна на тимот на Петрокуб. Кратовци примија гол во шетста минута од продолжението и беа лиминирани откако првиот меч во Скопје заврши 1:1.
Тренерот на Силекс, Горазд Михаилов вели дека нема што да им замери на неговите избраници, затоа што од „авион“ се виде дека го дадоа максимумот во овој двомеч.
„Горд сум на играчите што покажаа карактер и квалитет. Несреќно загубивме. За малку што не отидовме во продолженија. Не смееме да бидеме разочарани дадовме се од себе против една многу кваитетна екипа како Петрокуб. Можеби ќе беше поинаку ако искористевме некоја од шансите во првиот меч но што е тука е мислам дека не се посамотивме напротив , ова беше убава презентација на македонскиот фудбал.
Оваа екипа е составена исклучиво од македонски играчи, знаеме сите зошто и секако дека ќе бевме уште посилни доколку можевме да доведеме и странци“ – вели Михаилов за Спортмедиа па додава.
„Сега ни преостанува само да се фокусираме на нашиот приоритет, а тоа е враќање во првата лига. Нема да ни биде лесно ќе имаме квалитетни ривали, но ние планираме да се засилиме уште повеќе и да ја оправдаме улогата на фаворит во следниот шампионат“ – вели Михаилов.