Михајловиќ го блокира трансферот на звучното засилување во Болоња

494

Познатиот Диего Коста, екс голгетерот на Атлетико Мадрид и на Челзи кој е слободен агент, се согласил на трансфер во Болоња на две години. Меѓутоа според италијанските медиуми, Синиша Михајловиќ го блокирал трансферот.

Коста ја договорил и платата, меѓутоа тренерот на Болоња во последен момент рекол „не“. Прв негов избор и натаму останува Марко Арнаутовиќ кој ќе дојде во Болоња како слободен агент.

Не е јасно зошто Михајловиќ се откажал од идеата да го ангажира еден од најдобрите голгетери во Шпанија. Сега Шпанецот ќе се сврти кон некоја од понудите кои ги има од Бешикташ и Лил.

ПретходноПо Варан, Јунајтед договори уште едно засилување од Мадрид
СледноСедлоски: Значаен успех за клубот и фановите