На седум дена пред стартот на ЛОИ: Исчезна спортист на Уганда

224

До стартот на ЛОИ во Токио остануваат уште седум дена, а на проблемите и нема крај. По позитивните случаи на Ковид-19 во хотелот каде што престојува Бразил, сега доаѓа нова скандалозна информација.

Јапонските локални власти соопштија дека исчезнал спортист на Уганда. Станува збор за Џулиус Секитолеко, кој не се појавил на Ковид-тестирањата.

Како што велат од оваа земја, 20-годишниот спортист исчезнал во близнина хотелот во Осака, полицијата веќе трага по него.

ПретходноСкијачката федерација со поддршка за иницијативата за расчистување на сомнежите за злоупотреби
СледноПеп „пикираше“ две ѕвезди, Сити ќе плати 215 милиони фунти