Иако беше најавено дека српскиот интернационалец Душан Тадиќ, би можел наскоро да го облече дресот на Милан, сепак, до тоа нема да дојде.
Србинот стави крај на сите шпекулации, потпишувајќи нов договор до 2024 година, и со тоа ја загарантира својата иднина во тимот од Амстердам.
Тадиќ во минатото беше дел од Саутемптон, од каде направи можеби изненадувачки трансфер во Ајакс, со оглед дека беше баран од некои гиганти, меѓу кои и Ливерпул.
Меѓутоа Тадиќ не погреши, со оглед дека освои титули со Ајакс, а стигна и до полуфиналето во Лигата на шампионите, и што е најважно стана капитен на гигантот од Амстердам.