Норвешки судии за Шкупи, на Шкендија ќе и судат Чеси

452

Во четврток на 22 јули ќе се играат првите мечеви од 2.квалификациско коло во Конференциската лига. По елиминацијата на Силекс и Струга ТЛ, Шкупи остана да ја брани честа на македонските клубови, а Шкендија по дебкалот од Мура во квалификациите во ЛШ, се “пресели“ во КЛ во второто квалификациско коло.

Шкупи го дочекува составот на Санта Клара од Португалија, мечот се игра на Националната Арена “Тодор Проески“ и тоа од 20 часот, а судија ќе биде Каи Ерик Стен од Норвешка.

Додека Шкендија ќе гостува во Рига кај истоимениот тим од Летонија. Овој натпрвар започнува во 19 часот. На тетовци ќе им судат судии од Чешка, а главен ќе биде Ондреј Печанец од Чешка.

ПретходноБрегалница се засили со Србинот Милан Ѓокиќ
СледноКовид-19 во олимпиското село, 44 позитивни случаи!