Раководството на Серија А има намера за сезоната 2022/23 да воведе ново правило. А тоа е дека клубовите не смеат да играат во зелена опрема, односно не смеат нивните дресови да бидат во таа колор – нијанса. Се чека само официјализирање на оваа одлука која е донесена на барање на ТВ куќи кои едноставно при преносите си имаат проблеми. На ова секако дека клубовите се лутат, имено неколку тимови од елитната лига во Италија играат во дресови со таа боја. Пред се Сасуоло, како и Лацио и Аталанта кога гостуваат.
Ќе видиме дали навистина ќе дојде до забрана за зелените дресови?