Пеп „пикираше“ две ѕвезди, Сити ќе плати 215 милиони фунти

1353

Пеп Гвардиола одреди две имиња, две ѕвезди кои сака да ги донесе во редовите на Манчестер Сити. Станува збор за Хери Кејн од Тотнхем и Џек Грилиш од Астон Вила, според „The Athletic“, челниците се подготвени да потрошат 215 милиони фунти.

На „граѓаните“ им е потребен напаѓач по заминувањето на Серхио Рамос. Халанд беше прв ѕвезда, но премиерлигашот сфати дека од норвешкиот фудбалер нема да има ништо ова лето, па тргнаа кон Кејн, за кого и претходно се најавуваше дека сака да ја промени средината.

Но, Тотенхем нема лесно да се откаже од својот лидер, но оваа ситуација може да се промени, секако поради добрата финансиска ситуација на Сити. Пеп и раководството на клубот немаат намера да штедат кога станува збор за овие двајца фудбалери, а за тоа говори и сумата од 215 милиони фунти.

ПретходноНа седум дена пред стартот на ЛОИ: Исчезна спортист на Уганда
СледноНишто од Милан: Тадиќ продолжи со Ајакс до 2024 година