Калин Ивановски, големата надеж на македонскиот тенис направи скок од 17 места на ИТФ ранг-листата за јуниори.
По добриот настап на Вимблдон, Ивановски за првпат се најде меѓу 50. тенисери во својата конкуренција. На најновата ранг-листа е на 45. позиција им1а 761.25 бодови.
Македонскиот тенисер има огромен потенција и квалитет, тоа го покажува на секој турнир, а Вимблдон беше само круна. Иако Ивановски се повреди, сепак машки го издржа дуелот во осминафиналето против фаворитот Џонс.