Седлоски: Значаен успех за клубот и фановите

428

Шкупи вчера го мина тимот на Лапи во Лигата на Конференции со вкупен резултат 3:1, играјќи 1:1 во Приштина на реваншот.

Шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски задоволен од пласманот во следната фаза на екипата, но се надева дека фудбалерите сега ќе имаат уште поголем мотив за уште подобри изданија во дуелите со Санта Клара.

„Честитики за фудбалерите и благодарност до фановите кои дојдоа од Скопје да не бодрат на овој натпревар. Задоволни сме од пласманот во следната рунда натпреварите. Во првото полувреме Лапи имаше иницијатива на мечот, но во вториот дел нашите момци одиграа далеку подобро, имавме шанси и да го решиме натпреварот во наша корист, но на крајот ремито е секако доволно за продолжување на европскиот пат. Ова е значаен успех за клубот и за навивачите бидејќи долго време сме немале ваков резултат. Сега не очекува пресметка со навистина квалитетен тим Санта Клара од Португалија, против која верувам дека ќе имаме мотив за уште подобри натпревари“, рече Седлоски. 

ПретходноМихајловиќ го блокира трансферот на звучното засилување во Болоња
СледноНов проблем за Реал: Под истрага еден трансфер во тимот