Симиќ одбра за Шопрон, патува и Лука Савиќевиќ

1635

На ден пред заминување за Шопрон каде ги чекаат натпреварите од ФИБА „Челенџер“ турнирот, селекторот на нашата машка репрезентација „Под 20“ години, Тони Симиќ го направи конечниот избор на 12. кошаркари кои ќе се појават на овој турнир во Унгарија.

Изборот не е оној кој го посакуваше младиот тренер, особено ако се земе в предвид дека носителите на играта на оваа селекција, Лејсон Зекири и Андреј Андоноски се прекомандувани во А селекцијата.

Но затоа пак добра вест за стручниот штаб во кој освен Симиќ се уште и Нермин Пепиќ и Никола Велев е враќањето на тренинзите на Лука Савиќевиќ.

Бекот на МЗТ Скопје Уни Банка веќе одработи неколку заеднички тренинзи, и се очекува до почетокот на натпреварите во ова ново ФИБА натпреварување да биде подготвен да го даде својот максимум.

Македонија е дел од групата „Д“ во која се уште и селекциите на Романија, Луксембург и Швајцарија.

ИЗБОРОТ НА СЕЛЕКТОРОТ ТОНИ СИМИЌ

Данаил Иванов

Дарио Митевски

Богдан Мирковски

Љубиша Димитровски

Павел Данаиловски

Лука Савиќевиќ

Давид Наумовски

Виктор Исајлоски

Таулант Ибраими

Филип Ѓорѓиев

Никола Груевски

Кристијан Столевски

ПретходноУЕФА потврди: Истанбул домаќин на финалето на ЛШ во 2023 година!
СледноШок за Ристовски и Адеми на “Максимир“…