Спонзорство вредно 10.000 евра од Видеолотарија Касинос Австрија за скијачкиот клуб Меденица

132

 

Видеолотарија Касинос Австрија продолжи да го помага македонскиот спорт и да дава
свој скромен придонес во неговите развој и афирмација. Нов чекор кон нови врвни
резултати е нашето спонзорство за скијачкиот клуб Меденица во вредност од 10.000 евра.
Средствата од спонзорството ќе бидат наменети за помагање и поддршка на кариерата на еден
од нашите најталентирани скијачи, Мирко Лазарески. Роден во 2003 година, тој веќе е најдобар
македонски скијач во својата возрасна категорија, а минатата сезона заврши на седмо место
меѓу јуниорите од поширокиот Балкан.
И среде летните горештини, Мирко веќе ги почна подготовките за новата сезона во алпско
скијање и ја заврши првата фаза од нив, базичните подготовки на снег, на глечерот Хинтерус во
Австрија. Средствата од спонзорството на Видеолотарија Касинос Австрија ќе бидат искористени
за набавување квалитетна опрема и за помагање на неговото учество на 35 меѓународни
натпреварувања во новата сезона.
„Со средствата од ова спонзорство, конечно Мирко ќе може да ги реализира целите кои ги имаме
поставено и да се насочи кон уште поголем меѓународен успех“, изјави Бранислав Лазарески,
претседател на скијачкиот клуб Меденица.
Убедени сме дека овие средства ќе завршат на вистинско место и дека ќе се гордееме со
резултатите на Мирко и со неговата кариера, која допрва ќе меѓународните граници и ќе допира
до ушите на јавноста. Видеолотарија Касинос Австрија ќе продолжи да биде пријател на
македонскиот спорт и да помага, како врвни спортисти и екипи (како македонската фудбалска
репрезентација, Горан Пандев, Кире Лазаров, Игор Стефановски, Едина Муса), така и млади
таленти, кои допрва треба да блеснат.

ПретходноШок за Ристовски и Адеми на “Максимир“…
СледноПрекрасен гол на Атанасковски за победа на Шахтјор Караганди (ВИДЕО)