Терим го кочи трансферот на Алиоски во Галатасарај!?

1007

Иако се чинеше дека Езџјан Алиоски во Галатасарај е готова работа, сепак по информациите кои доаѓаат од Турција попладнево, се чини дека нема ништо од потписот на нашиот репрезентативец за турскиот гигант.

Се разбира дека секогаш проблем се парите, а тие според Фатих Терим, тренерот и “главниот“ во Галата, се премногу што Џани треба да ги земе од Галата во наредните четири години. Па така турските медиуми информираат дека преговорите на релација Галата – Алиоски не само што се стопирани, туку неофицијално се и целосно прекинати.

Имено на Терим воопшто не му се допаднала идејата Алиоски годишно да зема повеќе од 2 милиони евра, односно вкупно за четири години Алиоски би го чинел Галата повеќе од 15 милиони евра по сите основи.

Сега останува да се види дали има начин преговорите да се откочат и Алиоски да стави потпис за гигантот од Босфорот, или пак нашиот репрезентативец ќе се одлучи за некоја друга опција.

ПретходноЗивчевиќ се врати во Куманово
СледноКитановски само со кратка пауза