Хамилтон најбрз во квалификациите за спринт трката во Силверстон

198

Актуелниот првак во Формула 1, Луис Хамилтон со својот Мерцедес, беше најбрз на вечерашните квалификации во пресрет на утрешната спринт трка која ќе се вози на патеката на Силверстон. Ова е нешто ново во Формула 1, имено утре ќе се вози спринт трка, во која победникот ќе добие 3 бода, второпласираниот 2 а третиот еден бод во генералниот пласман. И по таа спринт трка ќе се знае и редоследот на возачи од која позиција ќе стартуваат за главната трка на Силверстон во недела, за ГН на Велика Британија.

Инаку утрешната спринт трка ќе биде долга 100 км, или ќе се возат 17 кругови.

Инаку вечерва Макс Верстапен од Ред Бул, водечкиот оваа сезона во генералниот пласман заврши на втората позиција, додека Валтери Ботас од Мерцедес беше трет.

ПретходноВоска Спорт ќе се “тестира“ со Борец, Македонија ЃП, Тетекс, Охрид…
СледноБрегалница се засили со Србинот Милан Ѓокиќ