Каков шок за Стефан Ристовски и Аријан Адеми и нивниот Динамо Загреб вечерва на “Максимир“. Имено во првото коло во ХНЛ во новата сезона, хрватскиот шампион беше поразен од Славен Белупо и тоа на свој терен, на својот стадион со неверојатни 0:2. Нешто што навистина никој, па ни најголемите песимисти во таборот на Динамо Загреб не можеше да очекува.
Стрелци на головите за победничкиот тим беа Крстановиќ во 50.минута и Богојевиќ во 84.минута.
Да кажеме дека Стефан Ристовски го одигра целиот меч, додека Аријан Адеми беше на клупата и не влезе на терен. Веројатно беше чуван за евро настапите на “модрите“ ова лето.