Ситуацијата во Реал Мадрид не се смирува. После скандалот со навредите на Флорентино Перез кои ги упатувал на најголемите легенди, сега „кралевите“ се под истрага.
Португалскиот јавен обвинител повел истрага за трансферот не Едер Милитао од Порто во Реал. Бразилскиот стопер е платен 50 милиони евра, а спорен е делот од 9,7 милиони евра.
Порто во 2018 година му платил на Сао Паоло 8,5 милиони за 90% сопственост над стоепрот, а потоа Реал ги откупил сите 100% за 50 милиони.
Како што наведуваат португалските медиуми, 20% од делот за трансфери кои заминал во Порто, е сега под истрага. Двајца агенти ги добиле парите, а еден од нив бил уапсен.
Оваа афера може да има долготрајни последици, затоа што се тврди дека дел од парите кој бил даден на агентите, е искористен за поткуп на судии.