Шпанските медиуми пренесуваат дека викендов во клупските простории ќе се одржи состанок на раководството на клубот со Жерард Пике, Серхио Бускетс, Жорди Алба и Серхио Роберто, со тема на разговор на малување на платите.
Корона кризата го тресе клубот на финансиски план, тоа сите го знаат, а кратењето на трошоците стартуваше со Лионел Меси, кому платата ќе му биде намалена за 50%.
Сличен предлог ќе им биде ставен на маса и на горенаведените, со надеж дека сите истото и ќе го прифатат.
Според информациите, Бускетс веќе добил понуда за нов договор, а Пике изразил подготвеност да ја намали платата. Состојбата со Алба и Серхи Роберто е помалку јасна. Медиумите шпекулираа за Роберто дека тој може да го напушти „Камп Ноу“, но во моментов се чини дека е поверојатно да остане. Клубот сака да го преструктуира неговиот договор, бидејќи тој е исто така меѓу најплатените играчи во тимо.