Македонската кошаркарска женска репрезентација до 20 години запиша нов пораз на ФИБА „Челенџерот“ кој се одржува во Скопје. Словачка ја оправда улогата на фаворит, славеше со убедливи 44-75.
Елена Тасевска со 16 поени и 6 скока беше најефикасна, Тијана Митрева запиша 11 поени,
Избраничките на Саша Димитријевиќ беа рамноправен противник во првото полувреме, имаа негатива од 31-35, но по одморот падна темпото. Противникот третиот период го доби со 7-23 и стави крај на сите дилеми околку крајниот победник. Во последните десет минути кошаркарките не се вратија, постигнаа шест поени, премалку за било што.
Македонија утре игра со Косово, ова е последен меч на шампионатот.