Историја: Ферстапен победник на првата спринт трка во Формула 1

251

Холанѓанецот Макс Ферстапен е победник во првата спринт трка во историјата на Формула 1. Возачот на Ред Бул беше најбрз на патеката „Силверстоун“, иако стартуваше од втората позиција. Меѓутоа по одличниот старт го мина Хамилтон, и на крајот ја задржа првата позиција.

Третото место беше за Валтери Ботас.

Победникот Ферстапен ќе стартува како прв на утрешната трка во Силверстоун, а дополнително доби и три поени во генералниот пласман.

Хамилтон освои два бода, а Ботас еден поен од денешната спринт трка.

Трката за ГН на Велика Британија во Силверстоун се вози утре во 16 часот.

ПретходноЧелзи го совлада Питерборо со 6:1
СледноПет играчи на излезна врата од Баерн М.