Џејкоб Вајли и Ненад Димитријевиќ се двајцата кошаркари кои последни ќе се приклучат на подготовките на македонската репрезентација за претквалификациите за СП 2023 година.
И двајцата работат на одржување на својата форма. Вајли кој во квалификациите за ЕП беше еден од најдобрите во нашиот состав, испрати порака до македонските фанови. Натурализираниот Македонец се мотивира со нашето знаме, истото е поставено во неговата вежбална.
„Македонското знаме е мотив повеќе за мене да се подготвам максимално за она што следува во август. Се гледаме за кратко во Скопје“, порача Вајли.