Екипата на Баерн Минхен е поразена на денешниот подготвителен натпревар од Келн со 3:2. Тоа беше првиот меч за Јулијан Нагелсман на клупата на „Баварците“.
Сепак, треба да се напомене дека Нагелсман не можеше да смета на своите најголеми ѕвезди, па шанса добија некои млади играчи.
Баерн поведе, но брзо Келн дојде до пресврт. Баерн повторно израмни во 33. минута, а во 56. минута Ут ги постигнува конечните 3:2.