Во вториот пријателски меч од подготовките во Банско, екипата на Македонија ЃП го доживеа првиот пораз. Имено попладнево “лавовите“ загубија со 1:2 од ЦСКА 1948 и тоа со гол од пенал во 84.минута, дотогаш резултатот беше 1:1. Инаку со 1:0 бугарскиот тим дојде со гол во 42.минута, нашиот тим израмни на 1:1 во 73.минута, за да во финишот на овој пријателски меч во Банско, ЦСКА 1948 во 84.минута од пенал погоди за конечни 2:1.
Да потсетиме дека Македонија ЃП на првиот меч со Ингулец одигра 1:1 во Банско, а во следните денови ќе се сретне со екипите на Беласица Петрич и Академија Пандев.