На стартот на подготовките на тимот на Челзи, во тренинг комплексот на овој тим денеска и тоа под затворени врати се одигра пријателски меч на кој „Сините“ го совладаа тимот на Питербото со 6:1.
Стрелци на головите за тимот на Челзи беа Абрахам, Пулишиќ и Броја, додека Зијеш забележа хет трик.
Менаџерот на лондончани, Томас Тухел според извештајот пробал да одигра во формација 3-4-2-1, а на самиот меч настапија 22 играчи за Челзи претежно млади фудбалери од академијата.
Челзи: Каминг, Кларк-Салтер, Чалоба, Маланг Сар, Запакоста, Дринквотер, Баркли, Алонсо, Пулишиќ, Хадсон-Одои, Абрахам