Како што пренесуваат медиумите во Албанија, Јетон Беќири е пред промоција како тренер на Билис Балш, тим од втората лига на Албанија. Беќири и раководството на овој тим биле во завршни преговори и се очекува уште само да се договорат деталите, па да Беќири и официјално седне на тренерската клупа на овој тим. Да потсетиме дека Беќири веќе има работено како тренер во Албанија, и тоа како прв аистент на Шпетим Дуро во тимот на Фљамуртари.
Инаку Беќири досега во својата кариера, иако млад, има работено со успех во повеќе клубови. И тоа во Дрита Боговиње, Шкендија во неколку наврати, потоа во Ренова, Струга Трим Лум.