Второто полувреме „кобно“ за Македонија

239

Македонската кошаркарска женска репрезентација до 20 години запиша нов пораз на ФИБА „Челенџерот“ кој се одржува во Скопје. Словачка ја оправда улогата на фаворит, славеше со убедливи 44-75.

Елена Тасевска со 16 поени и 6 скока беше најефикасна, Тијана Митрева запиша 11 поени,

Избраничките на Саша Димитријевиќ беа рамноправен противник во првото полувреме, имаа негатива од 31-35, но по одморот падна темпото. Противникот третиот период го доби со 7-23 и стави крај на сите дилеми околку крајниот победник. Во последните десет минути кошаркарките не се вратија, постигнаа шест поени, премалку за било што.

Македонија утре игра со Косово, ова е последен меч на шампионатот.

ПретходноЈетон Беќири на клупата на Билис Балш?
СледноМеси го урна рекордот на Инстаграм!