Македонската кошаркарска репрезентација до 15 години имаше две успешни контроли во Краљево, против селекцијата на Србија одигра два егал меча.
Предводникот на овој тим, Денис Дервишевиќ и неговите момци запишаа минимален пораз и исто таква победа.
„Во крајна мерка, тоа се заборава. Не сакам да мислиме на судењето, бидејќи тоа и не ни беше во прв план. Факт е дека требаше да победиме и на првиот меч. Но, одиме понатаму. Нас нè интересира нашата игра, однесување, реакции на нашите играчи. За другото нека мислат некои други. Како го загубивме првиот натпревар, така го добивме вториот“, изјави Дервишевиќ за официјалниот сајт на КФСМ.
Резултатот во Краљево бил во втор план, најважно за Дервишевиќ е навремено да се откријат недостатоците во играта.
„Во Краљево дојдовме со намера да видиме до каде сме, да ги откриеме нашите недостатоци, но и да видиме кој колку може во овој момент. Да направиме некој појдовен план, стратегија како да работиме понатаму. И пред сè, играчите да научат како се бранат боите на репрезентацијата, и дисциплината што треба да ја имаат кога ја презентираат државата надвор од нашите простори. Ова беше само една одлична можност за сите нив, а и за нас. А мислам дека можеме, и би додал, мораме да бидеме уште подобри. Има простор за надградба на тимот. Верувам дека во иднина момците ќе бидат уште подобри. Овие два меча треба да им се патоказ како треба да се продолжи“.