Членот на Англиската фудбалска дивизија, Салфорд Сити се обидува со сите сили да го доведе во своите редови, Дејан Илиев, македонскиот интернационалец голман.
Илиев има уште една година договор со тимот на Арсенал, каде што реално тешко може да добие и шанса да брани, па од Салфорд Сити ги разгледуваат опциите на кои начин да го доведат нашиот голман. Дали тоа да биде на позајмица, или пак во договор со Арсенал целосно да го откупат неговиот договор.
Дејан Илиев цлата своја досегашна професионална кариера ја мина како член на тимот на Арсенал, но никогаш не доби шанса во првиот тим, туку беше испраќан на позајмици. Досега беше дел од Серед, Јагиелонија, и Шрузбери, а дали наесен ќе го видиме во дресот на Салфорд Сити останува да видиме.