Дејли Експрес: Ливерпул ја „чисти“ соблекувалната и се ослободува од осум фудбалери

523

Денешното издание на Дејли Експрес објавува дека на „Енфилд“ се подготвува таканаречена „чистка“ во соблекувалната. Тренерот Јирген Клоп планира да ги отстрани фудбалерите на кои не смета, а според написите тоа се осуммина досегашни членови на Ливерпул.

На чело на таа листа е србинот Марко Грујиќ, а потоа следуваат и Хери Вилсон, Џердан Шаќири, Неко Вилијамс, Лорис Кариус, Шеј Оџо, Таиво Ановиџи и Бен Вудбурн.

За сите овие нема повеќе место во ростерот на Ливерпул и тие можат да си пронајдат нова средина.

 

ПретходноДервишевиќ: Има простор за напредок, верувам во овие момци
СледноКуманово „пазареше“ во Хелиос