Олимпиецот од Уганда, Џулиус Секитолеко, се води како исчезнат во Јапонија откако не се појавил на тестирањата за ковид-19.
Секитолеко на крајот од јуни дошол во Јапонија да се подготвува за Олимписките игри, но во меѓувреме не ја исполнил нормата, па требало да се врати на 20. јули заедно со тренерот, откако ќе биде тестиран.
Наместо тоа, оставил порака во својата хотелска соба дека не сака да се врати во Уганда, и дека ќе остане во Јапонија.
Полицијата веќе почнала потрага по него, и веројатно ќе следи депортација кога ќе биде пронајден.