Ковид-19 во олимпиското село, 44 позитивни случаи!

365

Коронавирусот целосно го промени спортот, така Олимписките игри за првпат ќе се одржат во непарна година. Наместо во 2020 тие беа поместени за оваа 2021 година, а пред самиот почеток, организаторите се соочуваат со големи проблеми.

Многу спортисти поради позитивен тест на Ковид-19 мораа да го откажат својот настап, но сега ситуацијата е уште пострашна. Коронавирус се појави во Олимпиското село.

Потврден е првиот позитивен на случај на Ковид-19, спортистот кој е заразен е во карантин. Сепак тоа прави проблем кај сите оние кои биле во контакт со него, најверојатно ќе мора да одат во двонеделен каратин.

Исто така се потврдени 44 позитивни тестови кај луѓе кои на некој начин се поврзани со Игрите, од организаторот, до спортисти и тренери…

ПретходноНорвешки судии за Шкупи, на Шкендија ќе и судат Чеси
СледноМеси направи „хаос“ во Мајами, фановите полудеа (ВИДЕО)