Лео Меси она што го чекаше повеќе од 15 години го освои минатиот викенд. Конечно со својата Аргентина дојде до некоја титула, и тоа првак на Јужна Америка.
Сепак тоа е познато, ново е тоа што неговата фотографија со пехарот по финалето на Копа Америка, која ја објави на Инстаграм, доживеа да има 20 милиони лајкови. Ова е рекорд на Инстаграм кога станува збор за некоја спортска објава.