Говорот на Манчини во соблекувалната пред финалето на ЕУРО (ВИДЕО)

537

Без премногу анализи, едноставен мотивациски кус говор на селекторот Роберто Манчини. Тоа се случувало во соблекувалната на репрезентацијата на Италија непосредно пред почетокот на финалето на ЕУРО на култниот Вембли пред околу 60.000 гледачи.

Добро е познато дека „аѕурите“ славеа по подобро изведување на пенал – серијата, и со тоа ја освоија титулата европски шампион.

Манчини, откако го соопштил тимот со кој ќе стартува финалето, им се обратил на своите избраници со следните зборови:

“Немам што многу да ви кажам. Знаете кој сте и знаете дека тука не сте случајно. Ние ја кроиме нашата судбина-никој друг. Ни судијата, ни противникот, никој. Знаете што треба да сторите“, им порачал Манчини.

Играчите и тоа како послушаа својот селектор. Успеаја да победат пред 60.000 англиски фанови и да го подигнат пехарот како најдобра селекција на ЕУРО 2020.

ПретходноСловенецот Погачар одново победник на Тур де Франс!
СледноЈетон Беќири на клупата на Билис Балш?