Попладнево на Автокоманда, во пријателски натпревар, екипата на Скопје со 3:0 успеа да го победи второлигашот Кадино, и да покаже дека е во добра форма во пресрет на стартот на новата сезона во ПМФЛ, која почнува на 7/8 август.
Тренерот Љупчо Марковски им даде шанса на повеќе свои фудбалери, а стрелци беа Филип Јаневски во 10.минута, Дарио Десниќ во 25.минута и Христијан Кировски во 55.минута за конечни 3:0.