Како во Италија така и во Англија. Едноставно Ковид-19 и натаму “владее“. Имено позитивен на коронавирус е играч на Њукасл и тој е веднаш ставен во изолација, односно тргнат е од остататокот на екипата. Тоа е голманот Карл Дарлоу, кој на последното клупско тестирање е позитивен на Ковид-19. Веднаш настанала паника во клубот, но се чини дека засега нема други позитивни меѓу неговите соиграчи. Дарлоу ќе биде во карантин две недели и ќе пропушти најмалку две пријателски средби на својата екипа.
Инаку новата сезона во Премиерлигата стартува на 15 август, а Њукасл во првото коло се среќава со Вест Хем на домашен терен.