Екипата на Е. Пелистер 2 во сезоната ќе влезе посилен за четири нови имиња, тројца од нив доаѓаат од посилниот битолски состав.
Благојче Трајковски, Цветан Кузманоски и Милан Ѓукиќ се прекомандувани во Е.Пелистер 2, а на клубот се приклучи и Андре Буторац од Голден Арт КЛ7. Сите четворица потпишаа договор на една есезона.
34-годишниот Трајковски е искусен голман, поранешен репрезентативец, а пред да дојде во Битола настапуваше за Макс Струмица и Охрид. Кузманоски се враќа во Е.Пелистер 2 по една полусезона мината во Е. Пелистер. Десното крило Ѓукиќ во Битола е од 2018 година. Претходно настапуваше во Мешков Брест, Војводина, Раднички Крагујевац, Железничар Ниш.
По една сезона во тимот на Голден Арт КЛ7, во својот роден град и матичен клуб се враќа и 19-годишниот десен бек, Андре Буторац. Тој своите први сениорски минути и натпревари ги одигра во дресот на Пелистер, а сега се враќа да го облече дресот на Е.Пелистер 2.