Се подготвува РЕВОЛУЦИЈА во фудбалот: Полувреме ќе трае 30 минути, неограничен број измени…

7572

Светската фудбалска федерација ФИФА подготвува нова, вистинска револуција во правилата на фудбалската игра.

ФИФА подготвува големи промени, меѓу кои една од нив е траењето на полувремето.

По новите правила кои се разгледуваат, полувремето ќе трае 30 минути, но поради смалениот број на минути, играта би била секогаш прекината кога топката ќе го напушти теренот.

Но, ова не е се. По новиот систем, секој тим би имал неограничен број на измени. Изведување аут со рака би отишло во историја, и аутите би се изведувале со нога. Исто така играчот кој ќе добие жолт картон, ќе добие петминутна суспензија, и во игра би се вратил кога суспензијата би завршила.

ФИФА овие промени ќе ги проба на турнирите за играчите до 19 години, а после тоа ќе одлучат дали овие измени ќе се најде пред Одборот кои ги одредува правилата на фудбалската игра.

Сигурно дека после овие правила, фудбалот не би бил ист.

ПретходноФинска е совладана: Младинките си закажаа дуел со Исланд за 5. место
СледноБарса ги седна на маса „звездите“ за да им ги намали платите