Младинската женска ракометна репрезентација ќе игра за петото место на ЕХФ шампионатот. Избраничките на селекторот, Љубомир Савевски ја совлада Финска со 31-25 (11-11) и си закажаа дуел со Исланд.
Нашите ракометарки имаа проблем во првото полувреме, во кое имаа позитива од два гола во голем дел, но во самиот финиш му дозволија противникот да израмни 11-11.
По одморот сликата се смени, Македонија на дело покажа зошто е фаворит, поведе со пет гола и до крајот ја задржа предноста. Најголемата позитива беше осум гола (29-11).
Јанкуловска и Коларовска имаа по седум погодоци, Седлоска имаше пет, Ризоска четири.