Финска прва пречка за младинките во битката за 5. место на ЕХФ-шампионатот

138

Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија денеска (15 часот) ќе ги одмери силите против Финска во разигрувањето за пласман од 5. до 8. позиција на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Скопје.

Нашите девојки се фаворити на оваа средба, против Холандија покажаа дека имаат квалитет, потребно е да се задржи истото темпо до самиот крај. Победа ги носи во битката за петото место. Пред оваа средба, исто во битка за истата позиција силите ќе ги одмерат Косово и Исланд.

Групната фаза, Македонија ја заврши со скор од две победи, реми и пораз.

ПретходноСпектакуларен изглед на новиот „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)
СледноМакедонското знаме е мотив за Џејкоб Вајли (ФОТО)