Ѓорческа го освои турнирот во Грузија во игра на двојки

121

Лина Ѓорческа, најдобрата македонска тенисерка успеа во игра во двојки да го освои ИТФ фјучурсот во Грузија. Таа заедно со својата партнерка Валерија Страхава, во финалето со пресврт славеа со 2:1 против аргентинско-италијанскиот пар Викторија Босио и Анџелика Мортали.

Откако првиот сет го загубија со 6:4, вратија во иста мера за 1:1, а потоа во супертајбрејкот беа подобри со 10:5.

Лина го освои 43 трофеј во игра на двојки во својата кариера.

ПретходноБарса ги седна на маса „звездите“ за да им ги намали платите
СледноНагелсман стартуваше со пораз на клупата на Баерн