Џака ќе се откаже од бонусите од Арсенал, за да замине во Рома

421

Гранит Џака, швајцарскиот репрезентативец е блиску да се пресели во Рома. Тој одлучил да се откаже од бонусите на Арсенал, само да го засили тимот на Мурињо.

„Специјалниот“ го одредил Џака како приоритет, и понудил 15 милиони евра. Инаку тоа е за 30 милиони евра помалку од сумата која Арсенал му ја плати на тимот на Борусија Менхенгладбах во 2016 година.

„Газета“ пиша дека Џака веќе ги договорил личните услови со тимот на Рома. Ќе потпише четиригодишен договор, по кој ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона.

ПретходноКоронавирус во калчолигаш, цел тим во изолација!
СледноСловенецот Погачар одново победник на Тур де Франс!