Барса ги седна на маса „звездите“ за да им ги намали платите

349

Шпанските медиуми пренесуваат дека викендов во клупските простории ќе се одржи состанок на раководството на клубот со Жерард Пике, Серхио Бускетс, Жорди Алба и Серхио Роберто, со тема на разговор на малување на платите.

Корона кризата го тресе клубот на финансиски план, тоа сите го знаат, а кратењето на трошоците стартуваше со Лионел Меси, кому платата ќе му биде намалена за 50%.

Сличен предлог ќе им биде ставен на маса и на горенаведените, со надеж дека сите истото и ќе го прифатат.

Според информациите, Бускетс веќе добил понуда за нов договор, а Пике изразил подготвеност да ја намали платата. Состојбата со Алба и Серхи Роберто е помалку јасна. Медиумите шпекулираа за Роберто дека тој може да го напушти „Камп Ноу“, но во моментов се чини дека е поверојатно да остане. Клубот сака да го преструктуира неговиот договор, бидејќи тој е исто така меѓу најплатените играчи во тимо. 

ПретходноСе подготвува РЕВОЛУЦИЈА во фудбалот: Полувреме ќе трае 30 минути, неограничен број измени…
СледноЃорческа го освои турнирот во Грузија во игра на двојки