„Бомба“ пред „Театарот на соништата“

3047

Рафаел Варан е на чекор до договор со Манчестер Јунајтед. Овие денови голем број медиуми го најавуваа овој трансфер, но сега истиот доби потврда од Фабрицио Романо. Премиер-лигашот ја подготвил понудата, чека само истата да се реализира.

Варан е подготвен за трансфер, неговите лични услови не се проблем. Реал Мадрид е во тесно, откако овој фудбалер го одби новиот договор. Доколку шпанскиот клуб сака да заработи ќе мора да го продаде, во спротивно следното лето ќе замине како слободен играч.

Јунајтед подготвил сума од 50 милиони евра, очекувањата се дека Реал ќе прифати.

Варан беше и на списокот на желби на Томас Тухел, но битката ја добија „црвените ѓаволи“.

Наскоро се очекува целосен расплет на оваа приказна.

ПретходноЛука Јовиќ дефинитивно нема среќа
СледноНов испад на францускиот тенисер (ВИДЕО)