Иако Пеп Гвардиола во претходните години потроши голема сума на пари на име засилувања, сепак нема намера да застане.
Веќе на големи се шпекулира дека Сити во преодниот рок ќе донесе неколку фудбалери бидејќи целта е да се освои Лигата на шампиони. Но, за да го стори тоа, ќе мора во овој преоден рок и да се ослободи од неколку имиња.
Според англиските медиуми, Гвардиола ја направил селекцијата на играчи, на трансфер листата стави двајца фудбалери, кои во минатата сезона беа на ниво на својата задача.
Станува збор за Рахим Стерлинг и Ријад Мерез, доколку челниците на клубот добијат добра понуда ќе бидар продадени. Стерлинг имаше одлична сезона која ја заврши со настапот на ЕУРО, па потегот на Пеп е помалку изненадувачки. Истото се однесува и за Мерез, кој имаше добра минутажа и добри игри.
Сити за Стерлинг ќе бара околу 90 милиони евра, додека за Мерез 50 милиони евра.
Manchester City have made both Raheem Sterling and Riyad Mahrez available for transfer this summer. (Source: The Athletic) pic.twitter.com/EcGJWrdaTS
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 16, 2021