Германија го напушти мечот против Хондурас

332

Нов инцидент на база на расисам во светот на фудбалот. Олимписката репрезентација на Германија, која во моментов се подготвува во Јапонија, каде што и ќе се одржат игрите летово, го напушти пријателскиот меч со Хондурас поради расистички напад врз играчот на Херта, Џордан Торунарига.

Имено, во текот на мечот дефанзивецот бил вербално нападнат на расна основа од страна на еден од репрезентативците на Хондурас, по што целата германска експедиција го напуштила теренот.

Од фудбалската федерација на Хондурас се јавија со соопштение во кое се вели дека станува збор за недоразбирање, а ќе видиме како ќе реагираат надлежните институции.

Торунарига веќе еднаш беше мета на расистички напади на дуелот против Шалке 04, за што тимот од Гелзенкирхен заработи казна од 50.000 евра.

 

ПретходноКалиниќ се враќа во Црвена Звезда
СледноФинска е совладана: Младинките си закажаа дуел со Исланд за 5. место