Денешното издание на Дејли Експрес објавува дека на „Енфилд“ се подготвува таканаречена „чистка“ во соблекувалната. Тренерот Јирген Клоп планира да ги отстрани фудбалерите на кои не смета, а според написите тоа се осуммина досегашни членови на Ливерпул.
На чело на таа листа е србинот Марко Грујиќ, а потоа следуваат и Хери Вилсон, Џердан Шаќири, Неко Вилијамс, Лорис Кариус, Шеј Оџо, Таиво Ановиџи и Бен Вудбурн.
За сите овие нема повеќе место во ростерот на Ливерпул и тие можат да си пронајдат нова средина.