Пет играчи на Баерн Минхен би можеле летово да го напуштат најтрофејниот германски тим, јавува „Билд“.
Во соработка со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, новиот тренер Јулијан Нагелсман доставил список на играчи кои може да си одат од таборот на „Баварците“.
Ќе заминат петмина, меѓу нив најзвучно име е Корентин Толисо кому договорот му истекува идното лето, и ќе сака да се заработи за него.
Останатите четири се Боуна Сар, Михаел Масианс, Џошуа Цирци и Оливер Батиста – Мејер.