Финска е совладана: Младинките си закажаа дуел со Исланд за 5. место

669

Младинската женска ракометна репрезентација ќе игра за петото место на ЕХФ шампионатот. Избраничките на селекторот, Љубомир Савевски ја совлада Финска со 31-25 (11-11) и си закажаа дуел со Исланд.

Нашите ракометарки имаа проблем во првото полувреме, во кое имаа позитива од два гола во голем дел, но во самиот финиш му дозволија противникот да израмни 11-11.

По одморот сликата се смени, Македонија на дело покажа зошто е фаворит, поведе со пет гола и до крајот ја задржа предноста. Најголемата позитива беше осум гола (29-11).

Јанкуловска и Коларовска имаа по седум погодоци, Седлоска имаше пет, Ризоска четири.

ПретходноГерманија го напушти мечот против Хондурас
СледноСе подготвува РЕВОЛУЦИЈА во фудбалот: Полувреме ќе трае 30 минути, неограничен број измени…