Шкендија и Шкупи в понеделник ќе ги дознаат евентуалните ривали за 3.квалификациско коло во КЛ

608

На 22 и 29 јули се играат мечевите од 2.квалификациско во Конференциската лига. Шкендија и Шкупи ќе ја претставуваат Македонија во ова натпреварување, и тоа откако Струга ТЛ и Силекс отпаднаа уште во 1.квалификациско коло, познато е дека тетовци по поразот од Мура во квалификациите во Лигата на Шампионите се “преселија“ во Конференциската лига каде во втората рунда ќе ги одмери силите со Рига од Летонија. Додека Шкупи ќе има потешка задача, чаирчани ги чека двомеч против Санта Клара.

Во очекување што ќе направат и двете наши екипи, тие веќе в понеделник ќе ги дознаат можните или евентуалните ривали за во 3.квалификациско коло. Имено на 19 јули во Нион, ќе се одржи ждрепката за третите квалификациски кола во ЛШ, ЛЕ и КЛ. За нас најинтересно ќе биде што ќе каже ждрепката во Конференциската лига, а истата ќе се одржи, како што веќе рековме, в понеделник со почеток во 14 часот.

ПретходноПоранешниот голман на Фенербахче доживеа собраќајка во која загина едно лице
СледноКоронавирус во калчолигаш, цел тим во изолација!