Еден од најквалитетните плејмејкери кои македонската кошарка ги имала во последните две децении, Јане Петровски на 36. годишна возраст реши да се прости од активното играње.
Последните сезони тој ги мина во Кавадарци, како член на тимот на Еуро Никел, а покрај инсистирањето на управата Петровски да продолжи активно да игра, сепак, плејмејкерот официјално вели дека е доста.
Зенитот на кариерата Јане Петровски го доживеа во дресот на МЗТ Скопје, период во кој се здоби и со стасус на репрезентативец.