Барселона го „краде“ Санчез пред Ливерпул

454

Тимот на Ливерпул беше пред потпис со португалскиот играч од средниот ред, Ренато Санчез. Фудбалерот на Лил го сврте вниманието кон себе по одличните настапи на ЕУРО 2020, и е баран од многу клубови.

Меѓутоа сега работата ја „расипува“ Барселона која пројави интерес за фудбалерот од средниот ред. Па така сега според најновите информации, тој е блиску до „Камп Ноу“.

Претходно Барса беше „откачена“ од Вајналдум кој потпиша за ПСЖ, па сега „каталонците“ се во потрага по играч од средниот ред.

ПретходноНавивачите на Лацио го навредуваа косовскиот фудбалер, Сари им „одржа лекција“ (ВИДЕО)
СледноХаос во Токио: Уште 10 нови случаи на коронавирус во олимпиското село