Сите добро се сеќаваме на бразилскиот ас, Андерсон кој своевремено важеше за еден од најдобрите играчи за врска во светот. Неговата кариера, на изненадување на многумина траеше само до 32. годишна возраст, а сега неговите некогашни соиграчи, од Манчестер Јунајтед, близнаците Фабио и Рафаел, откриваат дел од причините зошто е тоа баш така.
„Неговиот непрофесионализам го доведе да не биде најдобар. Верувајте, да беше посконцентриран на спортскиот живот, и да можеше да ја искомтролира неговата искрана Андерсон ќе беше најдобар на светот“ – велат близнаците.
Тој и навистина беше најдобар во еден момент. Ја освои наградата Голден бој, беше прогласен за најдобар млад играч на светот. Со 16 играше за Гремио, со 18 за Порто, а потоа го направи трансферот во Јунајтед. Но, сепак, неговата исхрана и апетитот го направиле своето.
„Не можеше да се воздржи од јадење бургери. Одевме на патување со автобус, и на автопатот имаше Мекдоналдс. Тој така хистерично почна да се радува, што сите се зачудивме. Едноставно не можеше да се исконтролира. Да не јадеше толку бургери, тој дефинитивно ќе беше еден од најдобрите во историјата“ – велат Рафаел и Фабио.